Skip to main content

Односи Влада – општинa мрднаа од мртва точка

Конечно разговорите помеѓи Петрески и Грувски се помрднаа од мртва точка.

 |  Татјана Маленкова  | 
Александар Петрески
Aleksandar Petreski
На последната средба се договориле да заборават на обвинувањата кажани во изборната кампања, за во  иднина и централната и локлната власт да работат за доброто на Охрид и Македонија. Петерски побарал и легализација на дивоградбите, за да може да се урбанизира и просторот каде има налагална градба.

Неодамнешната Средба на петрески и Груевски резултираше со разговори кои одат во позитивна насока.Се затоплуваат односите помеѓу премиерот и градоначалникот.

„Изборите поминаа, и сега треба да ги засукаме ракавите и да работиме сите, за доброто на Охрид и Македонија, вака одлучивме со премирот на заедничката средба,рече градоначалникот Петрески по однос на ова прашање.

OhridГлавните проблеми кои беа актуелни, на кои најмногу паѓаа и градоначалникот  и премиерот во очи на граѓаните, беа во насока на прашањето за изградба на на маларична и базенот.Овие пршања од политика поминуваат во меѓусебно разбирање кои ќе одат на адреса за подобар економскиот развој на Македонија. На прањањето каде се заглавени проектите Петрески со коментар:

„Сигурно, овие планови не се заглавени кај нас. За да се гради нешто треба да се има урбанистички план. Категоричен е градоначалникот.

Дознаваме дека министреството за транспорт и врски подготвуваат измени на законот од сверата на урбанизмот. Тоа би значело скратување на времето потребно за добивање дозвола за градба  и тоа за 4-5 месеци. Тука интерено е барањето на Петрески за легализација на дивоизградените објекти.

„Сметам дека за проблемот со дивите градби нетреба да се изготвува нов закон, Доколку дивоградбите се вклопат во веќе постоечките закони,  ќе можеме да го урбанизираме и тој простор каде има нелегални градба“, вели градоначлникот Петрески.

Доколку се исполнат овие барња, можеме да очекуваме соработка помеѓу централната и локалната власт во знак на помирување, а со самото тоа и топката нема да се префрла од едните на другите, како што тоа беше пракса досега.

 

{loadposition content9}