Skip to main content

Охридско рамо за плачење за ресенчани

Ќе се отвори канцаларија на пратениците за средба со Ресенчани.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Четворицата народни избраници Анита Кипаризоска Крстеска, Александар Николоски, Цветко Грозданов и Владо Стефаноски ќе бидат рамо за плачење на Ресенчани. Тие  наскоро ќе патуваат во канцаларијата за комуникации на пратениците со граѓаните во соседен Ресен , како преставници од 5-та изборна единица. Соседната општина нема пратеници од оваа политичка партија, па во помош ќе им појдат охридските народни избраници објаснува Цветко Грозданов.Тој додава дека на тој начин ресенчани нема да се чувствуваат запостевено ако неможат да  дојдат до одредени институции вели Грозданов.

ResenВо охридската канцаларија за комуникации на пратениците со граѓаните најчесто има  најразлични поплаки од граѓаните од комунални, социјални вработувањето. Бидејќи проблемите на граѓаните во земјава се слични и се претпоставува дека на охридските  пратеници нема да им биде тешко да ги сослушаат и Ресенчани. Охридските пратеници ќе бидат  линкот помеѓу локалната и централната власт и  барањата на Ресенчани  ќе ги пренесуваат  во законодавниот дом.

Во Ресен за две недели се очекува да профункционира оваа канцаларија на Вмро Дпмне со подршка на националниот демократски институт, а покрај 4-та пратеници од Охрид, ќе ја покриваат и по 2-ца пратеници од Битола и Крушево.

{loadposition content9}