Skip to main content

Утре прва работна седница на новиот совет на општина Охрид

25 те точки на дневен ред поделени се во неколку групи. Мнозинството е веќе оформено, се очекуваат издржани и конструктивни седници во интерес на граѓаните.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого
25 те точки на дневен ред поделени се во неколку групи. Мнозинството е веќе оформено, се очекуваат издржани и конструктивни седници во интерес на граѓаните.

Новиот совет на општина Охрид конечно ќе се фати за работа. Председателот на советот Душко Јаковчески, во работата и дискусиите на советниците очекува конструктивност без разлика на тоа кој од која советничка група доаѓа.

„Работа во интерес на граѓаните и град Охрид, мора да преовладува во престојниот четиригодишен мандат, изјави председателот

Oхрид„Нема повеќе шпекулации околу мнозинството на Охридскиот совет. тоа е оформено и почнуваме со работа“, рече Јаковчески.

За првата работна седница предвидени се 25 точки на дневен ред кои се поделени во групи изјави Јаковчески.

„Се очекува, голем интерес да предизвика точката на дневен ред која се однесува за информација за досегашната активност на локалниот совет за превенција и идните планови за развој. По оваа точка  најавени се представници од ОБСЕ кои треба да одржат презентација“, рече Јаковчески.

{loadposition content9}