Skip to main content

Поставени инфо столбови

Агенцијата за промоција и подршка на туризмот започнува со поставување на туристички инфо столбови на граничните премини и двата аеродроми.

столб
stolb
Агенцијата за промоција и подршка на туризмот започнува со поставување на туристички инфо столбови на граничните премини и двата аеродроми.

Истите ќе содржат промотивни материјали со помош на кои туристите при влез во земјава ќе можат да се запознаат со туристичките потенцијали.
Агенцијата ги повикува туристичките субјекти да го достават својот промотивен материјал како истиот би се дистрибуирал до граничнита премини. Поставувањето на материјалот ќе биде без никаква надокнада што представува уште еден чекор во подршка на бизнис секторот во туризмот.

stolb„Поставени се пунктови на аеродромот во Охрид и граничниот премин Ќафасан. Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени пунктови на граничниот премин Табановце, Девебаир и аеродромот во Скопје. Со тоа ќе бидат покриени сите гранични премини и двата аеродроми“, вели Стрезоски.

Радува фактот што и покрај најавените прогнози на одредени туристички субјекти за пад на бројот на странски туристи истите не се остваруваат. Имено во месец Април бријот на странските туристи се зголемил за 12,6% а бројот на ноќевања за 5,5% во однос на истиот месец минатата година велат од секторот за туризам.

 

{loadposition content9}