Skip to main content

Најнов тренд во градов се фасадите шеќерли тонови

Зелени, црвени, портокалови, жолти фасади на згради и куќи  е  најновиот тренд во градежништвото.

 |  Валентина Нелоска  | 
fasadi
фасади
Зелени, црвени, портокалови, жолти фасади на згради и куќи  е  најновиот тренд во градежништвото.

fasadaГраѓаните реагираат  на ваквите неспецифични бои  за Охрид. Некои се смирени, a  други пак дречливи.
Стручните лица сепак овој тренд на бои го објаснуваат  со фактот дека секое време си носи свој белег. Дипломираниот инжинер архитект, Цветанка Тодорова Лекоска од „Лего инжинеринг“ кажува дека  во 70 –те години објектите се карактеризирале со чист натур бетон, како што се Охридскиот Архив, Пензионерскиот дом, а сега се јавува нов тренд на фасадите кој се карактеризира со смели тонови. Архитектите потврдуваат дека  некои фасади на објектите се добро искомпонирани, а други пак не.

Архитектот Цветанка Тодорова Лекоска смета дека природата во  охридското подрачје дала голем благодет , а  ние треба уште повеќе да го оплемениме и разубавиме. Постојано треба да водиме голема грижа околу декорирањето и боењето на фасадите, околината на самите објекти како и на нивното постојано одржување.

 

{loadposition content9}