Skip to main content

Проблемите на Дебрца

Нема органзиран откуп на земјоделските производи во општина Дебрца се жалат жителите.

 |  Валентина Нелоска  | 
tabla
табла
Нема органзиран откуп на земјоделските производи во општина Дебрца се жалат жителите.

На само 25 километри од Охрид е селото  Белчишта  едно од 30-те населени места во општината Дебрца. Во него живеат околу 350 жители кои претежно се занимаваат со земјоделство и помалку со сточарство. Белчиштани порано имале сигурен, организиран откуп на производите од селската задруга, а сега се препуштени сами на себе. Немаат пласман на производите, а градот им е далеку за да го продаваат она малку што ќе го произведат објаснуваат жителите. Земјоделците кои произведуваат компир, пченка, пченица и грав, немаат ни систем за наводнување се жалат  белчиштани.

BelcishtaОд локалната самоуправа Дебрца објаснуваат дека во наредниов период ќе им биде во план решавање на приоритетните проблеми на Дебрчани. Главна цел ќе им биде подршка токму на земјоделството кое ги има сите предуслови за производство на органска, здрава  храна обајснува Зоран Ногачески, советник во локалната самоуправа Дебрца. Локалната самоуправа ќе ги решава и проблемите поврзани  со водоснабдувањето, отпадните води и дивите депонии. Најавуваат изградба на водоводна мрежа и резервоари во селата Горенци и Мраморец, но и изградба на фекалните канализации и отпадните води, како и елиминирање на дивите депонии. Одобрени се и пари за обновување на локалните патни правци кон селата Годивје, Врбјани и Лактиње и поврзување на селата Волино и  Мороишта. Инаку во општина Дебрца живеат над 5500 жители, а регионот важи за неразвиена рурална средина. 

{loadposition content9}