Skip to main content

„Нико Нестор“ и од септември со исти проблеми

Средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо, многу веројатно и од септември ќе се соочат со старите проблеми.

 

 |  Татјана Маленкова  | 
sat
сат
Средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо, многу веројатно и од септември ќе се соочат со старите проблеми.

Министертвото за образование излез гледа во изградбата на новите училишта за кои веќе имаше распишано тендер. Но градежни зафати сеуште нема поради натегањето помеѓу централната и локалната власт.

Ќе се решат ли проблемите во средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо?  Многу веројатно дека и покрај желбата и на локаланата и на централата власт, за надминување на проблемите во овие училишта, учениците и годинава ќе ја поминат на стара локлација и со исти проблеми.

 

Нико нестор„Министерството за образаование и владата она што го ветија тоа и го направија.  Распишавме тендер за изградба на две средни училишта на подрачјето на општина Струга, едно во градот и другото во на потегот Лабуништа Октиси.Тендерите завршија евоалуцијата се направи и сега следува моментот кога општината треба да даде дозвола за градба. Очигледно е дека некои работи за да се завршат треба да има желба од двете страни“, вели минстерот за образование.

Проблемите во Нико нестор навистина не се воопшто решени, признава и раководителот на одделението за образование. Тоа не е по наша вина туку на министертвото. Тие не го имаа во целост испочитувано договорот кои го потпишавме на 1 март 2009, додава хајредини.

За системот и организацијата во училиштата недлежна е локаланата самоуправа . Тие мора да изградат капацитети и да се носат со проблемите и предизвиците кои ги носи воспитно образовната дејност, вели Минитерот Стојаноски.

Министерот уште информираше дека  министертво за образование преку ОПСЕ и ЈУ ЕН ДИ ПИ досега организирало дополнителни програми преку кои ќе се обидат да ја намалат меѓуетничката тензијата во овие училишта.

 

{loadposition content9}