Skip to main content

Второ изданиe на фестивалот на францускиот филм во Охрид

Започна второто издание на Фестивалот на Францускиот  филм  во Охрид со проекцијата на филмот „Добредојде“ на режисерот Филип Лиоре.

 |  Валентина Нелоска  | 
otvoranje
отворање
Започна второто издание на Фестивалот на Францускиот  филм  во Охрид со проекцијата на филмот „Добредојде“ на режисерот Филип Лиоре.

otvaranjeПред голем број почитувачи на филмската уметност и гости од Франција фестивалот за отворен го прогласи министерот за култура Елизабета Канческа Милеска. Таа меѓу другото напомена дека овој фестивал е продлабочување на врската помеѓу македонската и француската филмска кинематографија, размена на идеи и искуства, како и запознавање со културите и разноликостите помеѓу двете земји.

Францускиот амбасадор во земјава, Бернар Валеро смета дека со овој фестивал Охрид се става на картата на Балканот и Европа како една централна труристичка и културна дестинација. Амбасадорот Валеро изрази надеж дека Фестивалот на францускиот филм  во Охрид  станува еден од главните настани во културните врски помеѓу Франција и Македонија.
Фестивалот на францускиот филм  во Охрид започна по терк на  гламурот на светските филмски фестивали, па така гостите и годинава пристигаа на црвениот  килим посипан со ливчиња од рози, со звуците на македонската музика.

 

{loadposition content9}