Skip to main content

Билјанините извори заживееја

Големата прашина што се крена околу спектакуларното отварање на манифестацијата „Лето 2009“, во сенка ја фрли организацијата.

 |  Николоска Биљана  | 
filigran
филигран
Големата прашина што се крена околу спектакуларното отварање на манифестацијата „Лето 2009“, во сенка ја фрли организацијата.

Се што беше однапред поставено беше во потполн сјај, но останатото баш кога треба да се покажат на дело, ги збуни организаторите.

nastapБилјанините извори место каде се одржа „Лето 2009“. Конечно заживеа овој локалитет  
кој сам по себе содржи голем туристички потенцијал.  Во овој амбиент беа претставени Охрид, Струга и Дебрца како и нивните традиционални вредности. Првиот човек на градот, Александар Петрески на отварањето изјави дека сезоната е почната, а оваа манифестација е само дел од неповторливата понуда на Охрид.

Билјанини извори е локалитет кој заслужува солиден третман, смета Гоце Симоноски. Тој додава дека преку манифестацијата „Лето 2009“, уште повеќе ќе се популизира ова место.

Зачувувањето на животната средина треба да биде прв приоритет на што треба да се посвети сериозно внимание, смета министерот за Животна Средина И просторно Планирање Неџати Јакупи, кој беше присутен на отварањето.

Ниедна туристичка понуда не е комплетна ако нема можност за разни видови анимација, сметаат претставниците на голем број субјекти кои на директен или индиректен начин придонесуваат за развој на туризмот во Охрид.

Манифестацијата ја следеа голем број гости, меѓу кои и високи државни претставници. Се беше добро замислено но не беше најдобро реализирано велат присутните.Очигледно  вечерта на отварањето, на организаторите им гореше под нозе, и не се снајдоа во улога на добри домаќини. Но бидејќи е прв пат граѓаните велат дека ќе им прогледаат низ прсти.

 

{loadposition content9}