Skip to main content

Сериозни кадровски промени во СДСМ-Охрид

Се очекува радикална кадровска промена  во општинскита партиска организација на СДСМ Охрид.

 |  Николовска Билјана  | 
logo
лого
Се очекува радикална кадровска промена  во општинскита партиска организација на СДСМ Охрид.

mitingРадикални промени во ОО на СДСМ Охрид, најави денес председателот на СДСМ Бранко Црвенковски . Членството на ОО на СДСМ Охрид јасно ја разбра пораката на деветиот и десетиот конгрес, на што укажуваат и досегашните информации во процедурата околу изборот на новите општински партиски организации. Црвенковски потенцираше дека досега нема проблем околу изборот на истите.

Охридските социјалдемократи го оправдуваат ставот на Црвенковски, дека треба да се направат радикални промени. Во раководните структури 90 % од имињата се нови а деновиве и официјално ќе бидат обелоденети.

Председателот на ОО на СДСМ Охрид Тони Чингоски, рече дека сеуште се работи на докомплетирање на списоците за избор на Председател, Извршен и Надзорен одбор на Охридските социјалдемократи.

Има квалитетни нови имиња но има имиња и од стариот состав. ТВМ дознава дека меѓу нив се: Бранислав Трпчевски, Александар Петрески, Номче Чакарев, Ацо Велевски, Тони Чинго, Владо Чингоски, Гоце Јанковски.

Еден од посигурните кандидатите кој ќе седне во првата фотеља, на ОО на СДСМ е Ацо Велевски поранешниот председател на Охридската партиска организација, кој важи за близок човек на Бранко Црвенковски.

{loadposition content9}