Skip to main content

Црвенкоски сака одговори

СДСМ ги бара вистинските причини за оставката на Вице премиерот Ивица Боцевски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Branko Crvenkovski
Бранко Црвенковски
СДСМ ги бара вистинските причини за оставката на Вице премиерот Ивица Боцевски.

„Во клучниот период за евроинтеграции, ние имаме оставка од најодговорниот човек во оваа свера, рече претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. За оваа партија формирањето на некава влада на национален спас не е опција, за излез на македонија од кризата.

Branko Crvenkovski„Ќе се среќавам со сите политички партии во Македонија и од опозицијата и од позицијата,не само со ВМРО-ДПМНЕ,и со партии на Македонците и со партии на Албанците во Македонија,бидејќи е тоа најлегитимен начин на комуницирање меѓу политичките субјекти.Нема да дозволам никогаш ВМРО-ДПМНЕ  да ми ја прави динамиката и да ми го прави списокот со кого треба,со кого не треба да се сретнам,изјави денес првиот човек на  СДСМ Бранко Црвенковски. Кога се среќавам со лидерите од другите политички партии не разговараме како да предизвикаме криза,туку како да ја избегнеме кризата што оваа Влада ја генерира со својата политика“, кажа Црвенковски.
Тој уште еднаш јавно ја побара вистинската причина за оставката Вице премиерот Боцевски.
Првиот човек на СДСМ рече дека оваа партија не ја прифаќа Иницијативата за формирање на влада за национален спас. Оваа идеја  ја сметаме за несоодветна и контрапродуктивна во овој момент, рече Црвенковски

 

Лидерот на СДСМ, истакна дека и за него лично и за неговата партија било каква реконструкција на владата е ирелевентна работа  од едноставна причина што е сосема јасно дека клучниот генералниот курс на Владата и најважните политики ги креира самиот Груевски, додаде Црвенковски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Црвенковски истакна дека не гледа амбиент и атмосфера во овој период  да се разговара и да се предизивкаат предвремени избори.

„На целокупната македонска јавност и е познато дека СДСМ се наоѓа во еден процес на сериозна консолидација, ние сме навистина посветени на тоа, правиме една радикална кадровска обнова на партијата, подготвуваме нова програма, ги менуваме методите на функционирање на партијата и наша задача и цел е да ја добиеме поддршката на граѓаните. Значи нам предвремени избори кои би се случиле само заради незадоволството од актуелната власт , а без реална понуда од страна на опозицијата не не интересираат. Во тој момент кога ќе ја имаме поддршката од страна на граѓаните за нашата програма и нашите кадри, избори сами ќе се случат“, рече Црвенковски.

{loadposition content9}