Skip to main content

Нова функција – комунален редар

На територијата на Општина Охрид започнаа со работа комунални редари кои дополнително ќе се грижат за хигиената во градот.

legitimacija
легитимација
На територијата на Општина Охрид започнаа со работа комунални редари кои дополнително ќе се грижат за хигиената во градот.

Станува збор за дополнително се вработени 5 лица кои на територијата на Општина Охрид согласно законот ќе ја регулираат хигиената во градот.

„Комуналните редари во соработка со комуналните инспектори и полицијата се директно овластени да го спроведуваат законот“, велат од општинскиот инспекторат.

komunalen redarКазните предвидени со законот изнасуваат: 50 евра во денарска противвредност за физички лица или од 2000 до 3000 евра за правни субјекти. Граѓаните со поделени мислења околу висината на казните.

Очекувањата од работата на комуналните редари се високи, велат од инспекторатот. Од таму се надеваат дека хигиената во градот ќе се подигне на завидно ниво. Иако законот се воведува во шпицот на сезоната се надеваме дека моментот е вистински одбран и дека резултати ќе има велат од инспекторатот.

Свеста на граѓаните и правните субјекти за јавната хигиена на градот ќе биде поттикната со висината на казните. Танаскоски апелира до истите максимално да се придржуваат до законите бидејќи толеранција нема да има за никого вели тој.

{loadposition content9}