Skip to main content

По Самоилoва, како на барикадите

Улицата Самоилoва запоседната со урбана опрема од двете страни.

 |  Валентина Нелоска  | 
stolce
столче
Сопствениците на кафулињата на Самоилова, од ден на ден поставуваат се помасивна урбана опрема која ја стеснува улицата. Раководителот на секторот за урбанизам, Бранко Арнаудовски пред еден месец за ТВМ кажа дека во времените дозволи кои ги издаваат, сопствениците на угостителските објекти имаат дозвола да постават минимална урбана опрема.
Car SamoilРеалната слика на терен покажува нешто сосема друго. Ионака тесната улица и без урбана опрема, сега речиси и ја губи својата функција на сообраќајница. Со овој секојдневен проблем се соочуваат жителите од Месокастро, за кои, во одредени ситуации, оваа улица е единствен приод до нивните домови.  

Ендоставно кажано на угостителите половина од Самоилова  им е дадена  на користење. Така, улицата широка  5 метри, е сведена на едвај 2 за сообраќај. Иако од секторот за урбанизам тврдат дека има простор за  движење на  специјалните возила, од пожарна велат дека по улицата нивни возила не би можеле да пројдат.

Сите угостителски објекти имаат поставено урбана опрема пред своите објекти, а да биде иронијата поголема има и такви кои поставуваат опрема од двете страни на коловозот. Се поставува прашањето дали самоиницијативно ја узурпираат сообраќајницата или пак некој тоа им го дозволува.  

Општинскиот инспекторат, надлежен за решавање на овој проблем, засега ја толерира ваквата узурпација на коловозот на улицата Самоилова. Иако го знаат проблемот, инспекторите сеуште не се излезени на терен. Танас Танасоки, раководител на Општинскиот инспекторат најавуваат дека со оваа состојба ќе се справуваат двајца комунални редари задолжени за Плошатадот. Тие ќе проверуваат дали се почитува издадената дозвола.
И досега, ТВМ неколкупати  го актуелизираше овој проблем,  но инспекторатот не се справи со него и остава впечаток дека замижуваа пред ваквата узурпација.

{loadposition content9}