Skip to main content

Дијабетот во подем

Загрижувачка е бројката на пациенти во Охридскиот центар за дијабет при општата болница.

 |  Николовска Биљана  | 
инјектор

Алармантен податок од центарот за дијабет при општа болница Охрид. 4824 пациенти е моменталната бројка на регистрирани дијабетичари во Охридскиот регион меѓу кои 1500 се на инзулино терапија. Бројот од ден на ден се зголемува за по 1 до 2 нови случаи. Оваа загрижувачка состојба произлегува како резултат на повеќе фактори, меѓу кои доминира стресот, велат од Центарот за дијабет при општа болница Охрид. Одговорната на овој оддел Зоре Димоска, кажа дека и старосната граница на пациентите исто така е дискутабилна. Таа е спуштена на 30-50 годишна возраст.
центар за дијабетисКорисниците на дијабет терапијата сметаат дека охридскиот центар ги исполнува нивните барања не само од стручен аспект, туку и од едукативен

Во Охрид 20 сетина години опстојува и Здружение на дијабетичари. Председателот на Здружението Димитар Панџакоски потенцираше дека има добра соработка со Центарот, а нивното делување е во насока на ублажување на состојбата на дијабетичарите.

Дијабетот не е алармантен се додека не се јават компликации, велат одговорните од дијабет центарот. Затоа како најважен сегмент ја нагласуваат едукацијата, преку која пациентот може и сам да си помогне. Таа се состои од совети како да се храни дијабетичарот, со кои активности да се занимава и начин на користење на дијабет терапијата. Во Охридската општа болница според зголемената тенденција на пациенти заболени од дијабет се чувствува дефицит на медицински кадар пред се доктор,велат од Здружението на дијабетичари на Охрид.

 

{loadposition content9}