Skip to main content

Завршена надворешната реконструкција на „Куќата на Уранија“

Надворешната реконструкција на Куќата на Уранија е целосно завршена вели директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска.

 |  Валентина Нелоска  | 
Куќата на Уранија

Надворешната реконструкција на Куќата на Уранија е целосно завршена вели директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска.

Со сегашниот идентичен изглед на овој  објект, се побија реакциите на е дел од стручната јавност дека  Охрид со рушењето на „Куќата на Уранија “ ќе го загуби последниот автентичен објект. Паскали Бунташеска објаснува дека неопходно било објектот да се сруши заради нарушената статика, а свое стручно мислење претходно дале од Градежниот факултет во Скопје. 
Куќата на УранијаВо тек се внатрешните зафати и уредување на дворното место. Со внимание ќе се изведуваат и работите при внатрешното уредување нагласува Паскали Бунташеска. Она што е оргинално ќе го конзервираме, зачуваме и ќе го вратиме во објектот. Станува збор за две таваници, една во резба, а другата боена, како и за неколку врати од сергени и долапи вели Паскали Бунташеска.

Додава дека се она што било иструлено ќе се изработи како оргиналот. Објектот целосно ќе биде завршен до септември, а за целосна реконструкција на Куќата на Уранија, Министерството за култура одобри 19 милиони денари. Овој  културно-историскиот објект датира од  2 –та половина на 19 век и припаѓал на семејството Филевци, закупци на езерскиот риболов во турско време. Од 1959 година Куќата на Уранија била предадена во трајно владение на Народниот музеј, а сега е во сопственост на Македонската академија на науките и уметностите. Нарушената статичка стабилност во темелите е изразена по земјотресот кој го зафати  Охридско-Преспанскиот регион на 1 септември 1994 година.

{loadposition content9}