Skip to main content

Градска Плажа се дави во фекалии

Граѓаните се жалат на непријатна миризба, но и се плашат за своето здравје од можни кожни заболувања.

 |  Валентина Нелоска  | 
фекалии

Граѓаните се жалат на непријатна миризба, но и се плашат за своето здравје од можни кожни заболувања.

Мештаните од Грашница години наназад мака мачат со еколошки проблеми. Наместо место за уживање и прошетки покрај езерто, овој дел на Охрид, може да биде потенцијална опасност за вашето здравје.

„Неможе Охрид да го гледаме само низ призмата на источната Туристичка ривиера и на центарот. Погледнете го Охрид и од опачината“, велат жителите од овој дел на Охрид.
фекалии„На ова место порано децата можеа да тренираат фудбал. Сега трчањањето покрај езерото, претставува опасноат за нив. Наместо додека ги изведуваат спортските активности и да вдишуваат чист воздух, тие се гушат со смрдеа која доаѓа од фекалиите“, вели поранешиот претседател на Фудбалскиот клуб Воска, Васви Доко.

Надлежните од „Проаква“ признаваат дека на ова место во езерото се влеваат фекалии. Според нив проблемот е во несовесните граѓани кои диво се приклучени со канализациони цевки во атмосферската инсталација.

„Ветувам дека во наредниов период приоритет и обврска на „Проаква“ и на локалната самоуправа ќе биде  изнаоѓање на решение за овие проблеми во месноста Грашница“, вели Трпчевски.

„Воедно апелираме до граѓаните согласно намената и функцијата да ги користат  инсталациите под ингеренции на „Проаква“ т.е да не се приклучуваат на диво во атмосверската инсталација и да не фрлаат цврст отпад во фекалната. За ваков отпад постојат контејнери, а не истиот да се одлага во шахти“, вели в.д директорот на „Проаква“.

 

{loadposition content9}