Skip to main content

Скутерите и глисерите страв и трепет

Безбедноста на вода е нарушена во повеќе наврати и во различни сегменти.

скутер

Преголемиот број на пловни објекти и нивното неконтроолирано движење, се најголема причина за намалување на безбедноста во Охридското езеро, се сложија Црвениот крст, Полицијата, капетанија и концесионерите од Охрид. Тргнувајќи од необележаните зони за капење, недоволниот број спасители на вода, ниското ниво на безбедносни услови и се разбира најголемиот проблем, скутерите и пловните објекти, посочи Сашо Точко, претседател на Црвениот крст од Охрид.

скутериСпортистите рекреативци, кои редовно тренираат во водите на Охридското езеро се крајно зазгрозени од неконтрилираното движење на скутерите и глисерите загрижено посочи Љупчо Попстефанија од едриличарската федерација на Охрид.

Охридското езеро според УНЕСКО има точно пропишана граница за бројот на пловни објекти кои се движат по него. Таа бројка постојано се зголемува и оди во недоглед посочи Љупчо Нечкоски концесионер на една од плажите во Охрид. Тој побара од службите на СВР од Охрид најитно да донесат мерки за ограничувањето на брзината на пловните објекти, како и регулирење на движењето во каналот, на што Филипов, Виш инспектор при СВР јасно и децидно одговори:

„Постојано работиме на решавање на проблемите. Доколку превенцијата не вроди со плод ќе прејдеме на мерки на репресија кон ваквите прекршители“.  

Поттикнати од бројните кражби кои се случуваат на плажите, од одделот за превенција при СВР Охрид најавија реализирање на проектот „Да се заштитиме од кражби“.