Skip to main content

Не ги даваме плажите

Концесионерите на Охридските плажи се здружија. Велат дека барањето на Mинистерството за транспорт и врски за покачување на концесијата, финансиски е неиздржано.

 |  Николовска Биљана  | 
Илче Џепар

Концесионерите на Охридските плажи се здружија. Велат дека барањето на Mинистерството за транспорт и врски за покачување на концесијата, финансиски е неиздржано.
Концесионерите на Охридските плажи ни на небо ни на земја. Четворократното зголемување на цената за закуп на плажите, кое што го наметна Министерството за транспорт и врски, остана неприфатено од страна на концесионерите. Тие велат дека не се спремни да ја платат цената од 160 денари по метар квадратен, но нема да дозволат и друг да стопанисува со истите.

плажа„Државата од сите страни зема данок. Наместо да се посветиме на работата, ние се занимаваме со споредни проблеми кои државата ги оставила флексибилни. Доста е од префрлање на топката од локално на централно ниво“- вели Виолета Јаневска, концесионер на плажа и додава дека е време ресорното министерство да седне на маса со концесионерите во најбрз можен рок.

Од Министерството за транспорт и врски, ветија средба со концесионерите наредната недела. Портпаролот Драган Симоноски, за ТелевизијА ТВМ изјави:

„Во владина постапка се предлог -заклучоци по информација за закупот на плажите во Охрид. Претставници на Министерството за транспорт и врски пред почнување на летната сезона неколку пати оствариле средби со закупците. Во моментов се превземаат активности за закупците кои ќе го продолжат договорот условите да останат исти, во согласност со законската регулатива“.

 

{loadposition content9}