Skip to main content

Езерото ја зеде првата жртва сезонава

Денеска, на плажата во близина на  Извидничкото одморалиште во населбата Далјан почина лицето со иницијали З.М. роден 1961 година.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Денеска, на плажата во близина на  Извидничкото одморалиште во населбата Далјан почина лицето со иницијали З.М. роден 1961 година.

Починатиот бил тренер на карате репрезентација на Србија, која се наоѓа на подготовки во Охрид. На сега починатиот му се слошило при влегување во водите на езерото. Веднаш на помош му пристапил репрезентативниот лекар, по што била повикана Службата за итна медицинска помош која набргу пристигнала на лице место. Лицето било префрлено во Охридската болница каде биле извршени неуспешни обиди за реанимација. Според извештајот на СВР – Охрид, медицинските анализи покажале дека смртта настапила поради срцев удар, односно дека немало траги на насилство.

{loadposition content9}