Skip to main content

Сакаме пиво!

Граѓаните бараат да се продолжи  продажбата на пиво и по 19 часот.

 |  Валентина Нелоска  | 
pivo
пиво

Во овие топли, летни денови граѓаните најдобро се освежуваат со пивото, па реагираат на Законот за трговија кој ги ограничува да го купуваат овој пијалок  по 19 часот навечер. Некои сметаат дека пивото не е тежок алкохолен пијалок и не слушнале дека некаде во светот се ограничува неговата продажба освен на малолетни лица. Бараат  можност  да го купат во продавниците барем до 21 часот.

pivoИако има гласини дека наскоро во собраниска процедура ќе се најдат  предлог измени на овој закон , пазарните инспектори порачуваат почитување на одредбите кои се сега на сила. Ѓорѓи Бошалески,  раководител на пазарниот  иснпекторат, апелира граѓаните  да се придржуваат уште некој ден додека не се донесат измните на Законот за трговија кога ќе се продолжи продажбата  на пивото до 21 часот.

Од Пазарниот  инспекторат нагласуваат дека прават секојдневни контроли на продавниците и за оние кои не го почитуваат законот изрекуваат високи парични казни. На продавачите ако се затекнат како продаваат пијалок им се изрекува казна во висина од 5600 евра и затварање на објектот до 15 дена, а ако има физички пристап до пијалоците и пивото, казната е 1600 евра вели,  раководителот  на пазарниот инспекторат, Ѓорѓи Бошалески.

{loadposition content9}