Skip to main content

Македонските војници заминаа за Авганистан

Денеска од касарната „Михајло Апостолски“ Охрид, свечено беше испратен македонскиот армиски контигент во мировната мисија „ИСАФ“ Авганистан. Нашите војници беа испратени со достојни пораки упатени од високиот државен врв.

 |  Николовска Биљана  | 
mirovnik
мировник

Денеска од касарната „Михајло Апостолски“ Охрид, свечено беше испратен македонскиот армиски контигент во мировната мисија „ИСАФ“ Авганистан. Нашите војници беа испратени со достојни пораки упатени од високиот државен врв.

mirovniciСвечениот чин на испраќањето на македонските војници во Авганистан помина на високо државно ниво. Во присуство на Претседателот на РМ и врховен командант на армијата Ѓорѓе Иванов, македонските војници учесници на мировната мисија „ИСАФ“, беа назначени како најдобри македонски амбасадори на демократијата подготвени за најголемата и најсложена мисија. Претседателот на државата Иванов потенцираше дека Македонија била и ќе остане пример за демократските и европските вредности, значаен и сериозен партнер во регионалната стабилност и глобална безбедност.

Министерот за одбрана на РМакедонија Зоран Коњаноски рече дека не се сомнева во комплетнатната подготвеност на мировниците за извршување на поставените задачи на мировната мисија.Тој додаде дека доволно е што АРМ денес во светот преставува респектабилна професионална и добро обучена структура која во целост е компатибилна со стандардот на НАТО.

Јасни беа пораките и на другите високо воени одговорни лица кои ги кажаа задачите на мисијата „ИСАФ“ Авганистан, и колкава е нивната подготвеност
Војниците,кои наредните 6 месеци ќе учествуваат во мировната мисија „ИСАФ“,се наоѓаат пред нов предизвик. Тие велат дека нивните задачи секогаш се со различна одговорност.

Македонските војници во Авганистан, се дел од мултинационалните коалициски сили во подршка на меѓународната заедница. Освен што се чувари на мирот и суверенитетот на земјата, уживаат и во висок рејтинг заради најдобрите оценки од високите командни структури на Алијансата.




{loadposition content9}