Skip to main content

„Да се заштитиме од кражби“ – проект на СВР Охрид

СВР Охрид, ќе ги информира граѓаните како да се заштитат од кражби.

 |  Татјана Маленкова  | 
Stefan Dimoski
Стефан Димоски

СВР Охрид, ќе ги информира граѓаните како да се заштитат од кражби.

Овој проект има превентивен и едукативен карактер,за граѓаните, вели портпаролот на СВР Охрид. Статистиката покажува дека најголемиот број кривични дела кражба се резултат на навниманието на граѓаните.

Спречете дрска кражба, внимавајте на својот паричник, заштитете го вашиот автомобил,се само дел од предупредувањата кои СВР Охрид ги упатува кон граѓаните и туристите.

carshija„Досегашните анализи на секторот за внатрешни работи укажуваат дека граѓаните мора да бидат повнимателни со чувањето на своите добра“, вели портпаролот  на СВР Охрид

Проектот на СВР Охрид, финансиски го покри општина Охрид. Над 16 000 флаери ќе бидат дистрибуирани до населението преку мотопатролните служби, велосипедските патроли, активисти на црвениот крст или преку ЕВН.

„Крајна цел е превентивно да делуваме на населението“, вели Димоски.

„Подигнување на безбедноста“,е изработн од самостојниотнспто Бранислав Ангелковски самостоен инспектор при одделението за превенција.

„Изразуваме задоволство од соработката на повеќе полиња со СВР, а посебно од посветеноста на полицијата кон определбата на локалната самоуправа  степеност на безбедност на гостите и граѓаните да се подига од година во година“, вели портпаролот на Локалната самоуправа Никола Маневски.

Инаку според Статистиката на СВР мината година најмногу извршени кривични дела имало во Охрид вкупно 237, во споредба со Струга 96, Кичево 11 и Дебар 10, Од Нив пријавени покрупни кражби по куќи и станови 86 биле во Охрид, 28 во Струга, 7 во Кичево и 10 во Дебар. Кражби во и на угостителски објекти регистрирани се 23 во Охрид а 12 во Струга. Од Кражбите со поголема матријална штета на плажи во СВР регистрирани се 23 во Охрид и 31 во Струга. Кражби од и на моторни возила во Охрид регистрирани се 48, Струга 25, 4 во Кичево и 3 во Дебар.

{loadposition content9}