Skip to main content

Со музиката сме поблиски

Холандски и Македонски музичари на музички план ќе ги приближуваат културите на  двете земји.

 |  Валентина Нелоска  | 
violoncelo
виолончело

Холандски и Македонски музичари на музички план ќе ги приближуваат културите на  двете земји.

muzicariДваесетина млади музичари и композитори од Македонија и Холандија со проектот „Технологијата  навлегува во традицијата“, ќе  создаваат музика и ќе ги  приближуваат двете култури вели  организаторот на музичката работилница,   Александар Велиновски.  

Музичарот Катерина Пејоска од Холандската фондација „Зои“ е воодушевена од локациите каде што музичарите добиваат посебна инспирација за творење. Вели дека изборот да се твори на различни места в долж  охридското крајбрежје се покажал многу успешен.

Герард фон Волферен, претседател на Управниот одбор на фондацијата „Зои“ е воодушевен од пријателството и музикалноста на Македонците.
Импресиониран е и од меѓусебната соработка на Холандските и Макеоднските музичари. Проектот е во реализиција на промо центарот „Јавна соба“ и холандската фондација „Зои“.  Во текот на 14 дена , Холандските музичари ќе се занимаваат со музичка технологија, а  пак 10 –те Македонски  музичари ќе изведуваат музика на акустични, класични и народни инструменти. Она што ќе го создадат ќе го презентираат пред јавноста на 21 јули во кафе барот Дак.

{loadposition content9}