Skip to main content

Подводните убавини на езерово на DVD

Најдобрите снимки од подводниот свет во Охридскотот езеро претопени во ДВД.

 |  Татјана Маленкова  | 
Mico Sekulovski
Мичо Секуловски

Најдобрите снимки од подводниот свет во Охридскотот езеро претопени во ДВД.

Нуркачкиот клуб „Амфора“ на граѓаните ќе им подари 40 минутен документарен филм, кој ќе биде дистрибуиран преку еден дневен весник во тираж од  10.000 примероци. Професионалните нуркачи од Охрид, доживуваат посебни мигови преку својата пасија нуркањето, снимајки неповторливи моменти.

Mico Sekulovski Филмот започнува со снимки кај изворите во Св. Наум. Преку ова ДВД, гледачите ќе имаат можност за прв пат да видат мрест на пастрмка во природен амбиент, да го видат живиот свет во езерото, дел од подводните археолошки истражувања во подводниот локалитет кај Градиште, потонатите бродчиња кај Струга и многу други интересни нешта од езерските длабочини.

„Сметаме дека ваков документарен филм во голема мера може да даде придонес во развојот на туризмот. Во повеќе наврати, за ваков филм сме побарале помош од локалната власт, но очигледно тие немаат слух за овој вид на презентација на Охрид“, вели Секуловски од нуркачкиот клуб „Амфора“.

Документарниот филм за подводниот свет во Охридското езеро е во продукција на „Абракадабра“. Автор на музиката е Бранко Попчевски. Македонската агенција за авторски права го има заштитено снимениот матријал, кој е во сопстевеност на нуркачкиот центар „Амфора“.

Читателите на дневниот весник „Нова македонија“, овој докуметарен филм ќе имаат можност бесплатно да го добијат на 8-ми август. Дознаваме дека филмот, преку заштитен европски број, ќе се дистрибуира и во Швајцарија. Од „Амфора“ најавуваат и учество на белградскиот „Фестивал на подводен филм“, кој ќе се одржи годинава, на почетокот на месец декември.