Skip to main content

„Охридско лето“ финансиски стабилно

Енио Мориконе финансиски го оправда својот настап на отварањето на Охридско лето. Првиот човек на фестивалот задоволен на самиот старт.

 |  Николовска Биљана  | 
plakat
плакат

Енио Мориконе, со огромниот интерес што го предизвика кај македонската публика, финансиски го оправда својот настап за отварањето на фестивалот „Охридско лето“. Првиот човек на фестивалот, Тони Симоноски, генерално е задоволен од самиот старт.

DirekcijaИ покрај големиот број на гратис влезници за спонзорите и донаторите на фестивалот, со концертот на Енио Мориконе, кој го отвори годинешното 49-то издание, фестивалот „Охридско лето“ оствари значаен профит. Ова за ТВМ го изјави првиот човек на престижната манифестација Тони Симоновски. Тој е задоволен од досегашниот тек на настаните поврзани со фестивалот. „Концертот на Антички театар на стартот на фестивалот годинава доживеа рекордна посетеност, како од бројните гледачи така и од високиот државен врв, како и од дипломатскиот кор“ вели Симоновски.

На гласините во кругот на љубителите на уметноста, дека освен отварањето, останатиот  програмски дел на фестивалот затајува, Симоноски со свој коментар. „Хариспасовиќ, Савин, Берозовски, Мидори, Карамазов  се светски признати имиња и тие се во Охрид, тоа зборува повеќе од се“ вели директорот на фестивалот.
Покрај многуте имиња на познати музички и драмски уметници, необично е што на еден ваков реномиран  фестивал се наоѓа и името на поп пеачот Јован Јованов.

Симоноски објаснува дека тоа е со цел вклучување на младата популација во културните настани.

Инаку, ова издание на Охридско лето ќе го одбележат поголем број новини. Краетивниот тим на Охридско лето има изработено нова брошура-џебно издание на програмскиот дел. Новитет е и автомобилскиот парк на Охридско лето кој се состои од две возила марка ауди и голф, со цел гостите репрезентативно да се превезуваат до саканите дестинации во градот.

{loadposition content9}