Skip to main content

Лоши домаќини!

Гости од Словенија, се запрепастија од односот на Охриѓани. Тие од Охрид си заминаа со оштетен автомобил, кој уредно бил паркиран на паркинг. Случајот е регистран и во СВР Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
avtomobil
автомобил

Гости од Словенија, се запрепастија од односот на Охриѓани. Тие од Охрид си заминаа со оштетен автомобил, кој уредно бил паркиран на паркинг. Случајот е регистран и во СВР Охрид. 

avtomobilНа туристичката сезона само уште тоа и недостасува. Туристи од Словенија си заминаа од Охрид вознемирени затоа што автомобилот им беше оштетен на паркингот. Жител од овој дел на Охрид си оградил простор на градско земјиште, со надеж дека на овој начин одбраната локација ќе биде само негова. Гостите не сакаа настанот  да го коментираат пред нашата камера, само кажаа дека со вакви постапки  Охрид и Македонија неможе да влезат во Европа.

Видно вознемирени гостите случајот го пријавиле во СВР, Охрид. Од таму признаваат дека овој настан и е добро познат на полицијата и дека во тек е постапка за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело.

Да се надеваме дека овој случај нема да се повтори.  Во ек на главна туристичка сезона, на Охрид најмалку му се потребни вакви анти реклами со кои може да се створи револт и кај малкуте гости кои ова лето одлучиле да летуваат во нашиот град. Крајниот збор за овој немил настан треба да го даде СВР Охрид, од каде треба овој случај да биде расветлен, а сторителот на истиот пронаден.