Skip to main content

Казни за кабелските оператори

Пазарната инспекција констатира низа неправилности во работата на кабелските оператори во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
Goko Bosaleski
Ѓоко Бошалески

Пазарната инспекција констатира низа неправилности во работата на кабелските оператори во Охрид.

Контролата е извшена по барање на советот за радиодифузија. Целта е кабелските оператори да го почитуваат законот за авторски права и да се придржуваат кон него, поточно да не реемитуваат програма без договор за истата.

tvПазарната инспекција констатира неправилности во работењето на кабелските оператори во Охрид. Последната контрола резултураше со поднесени барања за прекршок до основниот суд.  Началникот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалевски вели дека операторите не го почитувале законот за авторски права, т.е реемитувале телевизиска прорама без да поседуваат договор за истата.

При нашата контрола баравме дали кабелскиот оператор поседува дозволи за реемитување на телевизиските програми и дали  се обновени веќе посточките договори, вели началникот на пазарниот инспекторат.Констатиравме дека кабелскиот оператор Инфел, не го почитува законот во 4 случаи, а Алтрасат во 8 вели Бошалевски.

Советот за радиодифузија е овластен да наложи исклучување на одреден  програмски сервис кој се емитува преку јавна комуникациска мрежа, доколку утврди дека тој сервис не го исполнува членот 109 од законот за радиодифузна дејност, вели портпароллот на советот за радиодифузија Борче Маневски.

Се надевеме дека судот ќе постапи согласно законот, затоа што се работи за констаиран записник кој беше потпишан на лице место и од одговорното лице, вели началникот на пазарниот инспекторат. Тој најави дека кабелските оператори ќе бидат контролирани и во иднина, а најчесто тоа се прави по добиени претставки од страна на телевизиска или продукциска куќа  и советот за радиодифузија.

{loadposition content9}