Skip to main content

Дримскиот басен максимално ќе се заштити

Одговорните лица за управување со води на Македонија, Грција, Албанија, Косово и Црна Гора, конечно ќе седнат на иста маса.

 |  Николовска Биљана  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски

Одговорните лица за управување со води на Македонија, Грција, Албанија, Косово и Црна Гора, конечно ќе седнат на иста маса.

DrimТие ќе остварат дијалог, за управување со водите на Дримскиот Басен. Тоа е целта на проектот, за кој се нафатија да работат одговорните тимови за управување со води од земјите вклучени во проектот. Тие во Септември имаат догогворено дијалог, кој ќе се одржи во Подгорица -Црна Гора, каде е предвидено да се прецизираат научно -истражувачките работи поврзани за дримскиот басен на трите езера Преспанско, Охридско, и Скадарско. Дејан Паноски, секретар на билатералниот секретаријат за заштита на води на Охридското езеро, вели дека реалната слика веќе е тука, треба само да произлезе заедничка стратегија која ќе ги содржи потребните компоненти за имплементација на проектот.

Проектот на Дримскиот басен во Македонија наидува на проблем со прочистителната станица во Враништа, Струга. Директорот на Работна Единица Колектор Проаква-Струга Ваит Ајро, вели дека пред да се пристапи кон заложбите за реализација на меѓународниот проект мора да се реши проблемот.

Глобалниот еколошки фонд, Шведската Влада, како и помали донатори од разни земји, се воглавно  заинтересираните страни за подршка на проектот за Дримскиот басен. Тоа укажува на податокот дека се работи за мошне важен проект изјави Паноски.

Од билатералниот секретаријат за заштита на води на Охридското езеро велат дека од 01.Јануари наредната година  ќе стапи на сила Законот за води, кој е целосно прилагоден на Европските директиви. Со него Македонија ќе биде обврзана целокупното управување со води да го постави на ниво на речни сливови. Од тука и важноста за што поуспешно реализирање на овој проект.


{loadposition content9}