Skip to main content

„ТАПА“ сезона во Охрид

Празни хотели и полупразни плажи. Охрид годинава нема сјајана летна  сезона, признаваат туристичките работници.

lezalki
лежалки

Празни хотели и полупразни плажи. Охрид годинава нема сјајана летна  сезона, признаваат туристичките работници.

OhridЕсенскиот период ќе биде сламка за спас на Охрид како туристички центар. Состојбата во градот и бројот на туристи- воопшто на ја даваат вистинската слика за Охрид, посебно во овој период од годината, кога за разлика од годините наназад било сосема поунаку. Временските услови, астрономските цени за сместување,  и лошата гостопримливост, се само дел од причините за  потполно промашената сезона, коментираат граѓаните.

Туристичките работници даваат надеж. Гости ќе има од 20ти август до 20ти октомври, вели Дончо Танески.

„Договорите со странски туроператори веќе се потпишани  од минатата година“, информира тој.

„Покрај ова, се надеваме   дека ќе има барања за семинари и конгреси кои вообичаено се во есенскиот период. На тој начин би се балансирала состојба со гости во Охрид, односно да не дојде до ситуација да имаме  пораз во работењето оваа година. Барем да дојдеме до состојба на позитивна нула“, додава Танески.

Убавите сончеви денови кои ги имаме и кои следат и во наредниот период, се единствена надеж дека ваквата состојба барем минимално може да се подобри до крајот на туристичката сезона.


{loadposition content9}