Skip to main content

Виолина и пијано во предворјето на „Св. Софија“

Валериј Ојстрах на виолина и Франческо Де Ѕан на пијано, ќе се претстават вечерва на програмата на Охридско лето.

programa
програма

Валериј Ојстрах на виолина и Франческо Де Ѕан на пијано, ќе се претстават вечерва на програмата на Охридско лето.                                                                                  

muzicariНа програмата на фестивалот „ Охридско лето“ вечерва ќе се претстсви светски познатиот виолинист Валериј Ојстрах во придружба на Франческо Де Ѕан на пијано. Ојстрах,кој потекнува од семејство со музичка традиција, вели дека вечерашниот настап воедно претставува своевиден за него јубилеј, бидејки прославува стогодишнина од претставувањето на неговиот дедо Дејвид Ојстрах.

Покрај Ојстрах на сцената на Св. Софија ќе се претстави Франческо Де Ѕан на пијано. Ова не е нивен прв заеднички настап. Тие веќе две години настапуваат низ Италија и Европа.„Големо задоволство ми претставува што ќе земам учество на овој фестивал“, вели Де Ѕан.

„Акустиката и амбиентот во црквата Св. Софија даваат можност за врвно претставување на секој уметник“, вели Проф.Гордана Јосифовска Неделковска.

Проблемот помеѓу МПЦ и организаторот на фестивалот кој беше актуелен деновиве околу сцената на Св. Софија е надминат и фестивалот продолжува во најдобар ред, најавува директорот Тони Симоноски.

„Веќе е шестиот ден на фестивалот „ Охридско лето“ и ние сме презадоволни од сето она што досега беше презентирано. Следи уште побогата програма“, вели директорот Симоноски.

{loadposition content9}