Skip to main content

Археолошко oткритие кај Горна порта

Вредно археолошко откритие откопано кај локалитетот Горна Порта. Од управата за културно наследство го потврдија случајот, но не откриваат детали.

 |  Татјана Маленкова  | 

Вредно археолошко откритие откопано кај локалитетот Горна Порта. Од управата за културно наследство го потврдија случајот, но не откриваат детали.
Големо археолошко откритие пронајдено е денеска на локaлитет кај Горна порта.

Kuzman i IvanovНа местото каде што се смета дека е пронајден значаен артефакт присутна е бројна археолошка екипа која ја предводи директорот на управата за заштита на културното наследство и археолог Паско Кузман.
Надлежните само потврдуваат дека навистина станува збор за голем пронајдок, но не сакаат  да откријат за што станува збор.

Дека кај Горна порта е пронајдено нешто многу значајно говори и пoдатокот дека локалитетот го посети и претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој во Охрид се наоѓа  по повод 23-от Охридски пливачки маратон. Наофицијално ТВ М дознава дека станува збор за златен гердан од 40 до 50 сантиметри и други многу вредни златни предмети 4 или 5-тиот век пред нашата ера.Пронајдените вредни археолошки наоди на локалитетие во Охрид  само го потврдуваат континуитетот на живеењето и развојот на цивилизацијата овие простори.





{loadposition content9}