Skip to main content

Повторно злато кај Горна Порта!

Археолошки пронајдоци кај Горна Порта се со непроценлива вредност.

 |  Татјана Маленкова  | 

Најголем дел од остатоците пронајдени во 17 гробови, датираат од македонско-хелинистичкиот период, односно некаде од 5-ти век пред нашата ера, потврдија од упрвата за културно наследство.

Пронајдоците се од непроценлива вредност како за Македонија, така и за археолошката наука воопшто, истакна директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман.Тој појасни дека на локалитетот помеѓу Горна порта и црквата „Света Богородица Перивлепта“ во кратко време се откриени 17 гробови, од кои најголем дел се од македонско-хелинистичкиот период, односно некаде од 5-ти век пред нашата ера. Во гробниците се пронајдени најразлични прилози, воглавно златен накит – обетки, приврзоци за ѓердан и слично. Според археолозите во гробницата била погребана млада женска особа, со благородничко потекло.

pronajdociНа очите на покојничката била поставени златна фолија, на устата ромбоидна златичка, некаде кај срцето златен пикторал. Таквата поставеност на предметите, според Кузман, претставуваат маскирање на лицето на покојникот на начин на каков што досега не е сретнат на друго место на Балканот.

Археологот Кузман појасни дека ваквите вредни археолошки наоди само ја потврдуваат позицијата на Охрид како монденско место во античко време.

– Ако тука го додадеме златниот колан, златна лента долга околу 40 сантиметри, се добива една гарнитура со симболично значење. Сите предмети се украсни, амфороидни приврзоци за ѓердан од злато изработени филигрански, бронзени и сребрени нараквици, сребрени фибули и златни обетки со конусоидна форма, доста ретки, појасни Кузман.

Тој додаде дека во гробницата има и многу други предмети од килибар, што е невобичаено за овие простори, што значи дека во петтиот век пред нашата ера постоеле силни трговски врски со северот каде воглавно има килибар.

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска во оваа прилика истакна дека заложбите на Владата и на Министерството за култура во делот на заштитата на културното наследство и истражувањата на голем број археолошки локалитети, токму ги потврдуваат овие резултати кои денеска ги имаме.
Министерката нагласи дека како и досега и во иднина институциите на државата ќе продолжат со активностите во насока на заштита на културното наследство, како и во делот на истражување на голем број локалитети кои се наоѓаат во програмата на Министерството за култура.

{loadposition content9}