Skip to main content

Базар на ракотворби во Охрид

Од денеска до 29ти овој месец традиционален базар на ракотворби во Охрид.

sonce
сонце
Накит, филигран, макраме,дрво, слики во срма и многу други интересни изработки можат да се видат и купат на базарот на ракотворби. Највозрасниот учесник  на оваа манифестација,  Лаура Џукиќ вели дека посетителите навистина се заинтересирани за она што годинава се нуди на базарот на ракотворби.

rakotvorbiНа манифестацијата се претставуваат 15 автори,а меѓу нив и шестооделенката Тијана Толеска.Таа иостанатите учесници воодушевени од ваквата иницијатива.               

Туристите во градот кои го посетуваат овогодинешниот базар на ракотворби, посветуваат големо внимание на рачните изработки. Овие дела претстсвуваат  нешто уникатно на кое се восхитуваме, коментираат тие.

Овој базар е  во организација на здружението „ Даница“ и ќе е отворен до 29 – ти овој месец. Рачните изработки можат да се видат на платото од спомен куќата на Христо Узунов.



{loadposition content9}