Skip to main content

Во Охрид ќе никне нов споменик

Мора да го има Св. Наум во центрлното градско подрачје, велат иницијаторите на проектот – охридските пратеници.

 |  Татјана Маленкова  | 

Мора да го има Св. Наум во централното градско подрачје, велат иницијаторите на проектот – охридските пратеници.

plostad„Св. Климент и Св. Наум треба да се еден до друг. Ако го додадеме фактот дека во близина се нивните учители Светите Кирил и Методи, тогаш имаме целина“, велат охридските пратеници Александар Николовски и Цветко Грозданов.

Тие денеска јавно ја изнесоа идејата и нивна заложба, во централното градско подрачје, наспроти рибниот ресторан, да се постави спомен одбележје на Св. Наум Охридски чудотворец.

„За оваа иницијатива размислувавме многу долг период, но сега дојде моментот да поднесеме официјано барање за нејзина реализација“, истакна претеникот Цветко Грозданов.

„Дури и за самата локација за поставување на спомен одбележјето консултиравме многу стручни лица. Наша цел е доколку се прифати поставување на овој споменик, да биде на добро одбрана локација“, додаде Грозданов.

Иницијативата за поставување на споменик на Св. Наум во Охрид денеска беше и официјално поднесена до Министерството за култура.

„Свесни сме дека општинскиот буџет не може да обезбеди средства за овој проект. Поради тоа, ќе ги искористиме сите наши познанства финансиските средства за овој зафат да ги обезбеди Министревото за култура. Ќе направиме се, парите наменети за споменик во Скопје, Министерството да ги пренемени за изработка на спомен одбележје на Св. Наум во Охрид“, велат пратениците Грозданов и Николовски.

Двајцата охридски пратеници најавија дека за реализацијата на овој проект ќе побараат и поддршка од градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и од локалната власт. Тие додаваат дека на овој начин Охрид и Р. Македонија ќе му се заблагодарат на големиот учител, основоположник на словенската и македонската писменост, големиот црковен деец и просветител Св. Наум Охридски Чудотворец.


{loadposition content9}