Skip to main content

Судот се отвара за граѓаните

Деталната реконструкција што се изврши врз судската зграда при Основен суд во Охрид, освен што ќе ги подобри условите за работа со странките, ќе овозможи и поголема транспарентност.

 |  Николовска Биљана  | 
tabla
табла

Деталната реконструкција што се изврши врз судската зграда при Основен суд во Охрид, освен што ќе ги подобри условите за работа со странките, ќе овозможи и поголема транспарентност.

Osnoven sudОсновниот суд од Охрид се отвара пред јавноста. Инвестицијата од 600 000 американски долари добиени преку проектот на Светска банка за правна и правосудна имплементација, ги подобри условите за работа во Охридскиот суд. Тоа се однесува на вработените во судот како и на граѓаните кои се странки во судот. Податокот дека во 2008 година драстично е намален бројот на судски предмети претставува добар показател дека се работи, вели претседателот на Охридскиот суд Владо Дејаноски.
Граѓаните како основна карика на општеството преку кои се гледа реалната слика на нештата, позитивно гледаат на работата на Охридскиот суд.

„Досега судовите важеа за затворени институции. Добро е познато дека точно тука најмала е циркулацијата на информации . Во таа насока веќе се превземени конкретни чекори. Од пред  месец дена отворена е канцаларија за таа намена“, вели Дејаноски.

Во Охридскиот суд преку подршка на Владата на Р Македонија во период од шест месеци се изврши комплетна реконструкција на судската зграда. Со неа беа опфатени  судските кабинети како и  салите за судење. Сите зафати околу реконструкцијата во целост се завршени од пред еден месец.



{loadposition content9}