Skip to main content

„Високи остварувања од ниската земја“

Во организација на фондацијата „Културна помош“ од Холандија и здружението „Јавна соба“ од Македонија од денес до 26ти овој месец , Охрид ќе биде домаќин на Холандски филмски фестивал насловен како „ Високи достигнувања од ниската земја“.

logo
лого

Во организација на фондацијата „Културна помош“ од Холандија и здружението „Јавна соба“ од Македонија од денес до 26ти овој месец , Охрид ќе биде домаќин на Холандски филмски фестивал насловен како „ Високи достигнувања од ниската земја“.

presТрадиционалните, длабоки и втемелени врски се основа за организацијата на овој фестивал, кој ќе придонесе за продолжување на туристичката сезона, вели Тони Тунтев, заменик на градоначалникот на Охрид.

Холандскиот филмски фестивал е замислен како ротирачки фестивал, чија појдовна точка е Охрид. Истиот има за цел да ја анимира публиката на еден интересен начин, најавува Александар Велиновски од здружението „Јавна соба“

Програмата на фестивалот ќе понуди интересна шареноликост од филмови за различни вкусови. Посетителите ќе можат да погледнат краткометражни и долгометражни филмови со различна тематика, најавува Рада Шешиќ, селектор на филмската програма.

По неодамна завршениот фестифал на француски филм, можам слободно да заклучам дека во Охрид навистина постои публика која знае да одвои време за прекрасно филмско доживување, вели Зоран Вељаноски-Летра поддржувач на културните збиднувања во градот.

Филмовите ќе бидат прикажани на отворено, во дворното место пред дирекцијата на Охридско лето, со почеток во 21 и 30часот. Влезот за сита посетители ќе биде слободен, па се надеваме дека одзивот ќе биде голем, велат од организацијата на фестивалот.

{loadposition content9}