Skip to main content

Копа сено среде град

Веќе два дена кај комплексот  „Билјанини извори“ охриѓани и бројните туристи имаат невообичаена глетка.

 |  Николовска Биљана  | 
seno
сено
Веќе два дена кај комплексот  „Билјанини извори“ охриѓани и бројните туристи имаат невообичаена глетка.

senoПред контењерите во овој дел од градот оставен е сток со сено. Од комуналниот инспекторат незнаат кој е сторителот за соодветно да го санкционираат. Напомош го повикаа Комуналец.  
„Само вака ќе влеземе во Европа“,  иронично коментираат бројните минувачи кои пазарат во двата големи маркети во населбата Билајнини извори.

Во вакви и слични случаи граѓаните најчесто вината ја фрлаат на ЈП Охридски Комуналец. Отаму објаснуваат дека поплаките се упатени на погрешна адреса. Сашо Алчев ВД Директорот на ова јавно претпријатие  јасно ги дефинира нивните ингеренции.

За овој проблем кој што создава револт кај сите се огласи и општинскиот инспекторат. Одговорниот Танас Танасоски изјави дека даден е работен налог за подигање на сеното. Тој додаде дека најдоцна до утре очекува истиот да биде отстранет. Сторителот сеуште не е познат и покрај сите напори за негово откривање од страна на инспекторите и на комуналните редари. Од општинскиот инспекторат очекуваат во иднина да се надминат проблемите од ваков карактер па позасилено ќе работат на терен.

{loadposition content9}