Skip to main content

Се бара лек за туризмот

Како ќе се надминат бројните проблеми во туризмот?

 |  Николовска Биљана  | 
sostanok
состанок
Ова прашање им се постави на одговорните на  локално и државно ниво на денешниот состанок кој го одржа Комисијата за туризам и локален економски развој . Претседателот на Комисијата Верица Хајба преку бројни анализи ја изнесе состојбат во туризмот во Охрид, според која оваа економска гранка трпи невидени загуби.

sostanok„Приватните станоиздавачи се физички лица кои што се занимаваат со работа од помал обем“, рече Ѓоко Бошалески одговорниот на Државниот пазарен инспекторат.

Тој додаде дека законот е јасен и одговорноста паѓа на општинската инспекција за туризам.

Гоце Симоноски од ЛЕР рече дека нема проблем со станоиздавачите. Категоризација во моментов има само во Охрид. За советниците пак проблемот со дивите станоиздавачи  не е решен.

Претставниците на туристичките агенции велат дека има нелојална конкуренција каде не сеплаќаат никакви давачки кон државата.

Од општинскиот инспекторат велат дека континуирано се прават контроли од страна на инспекторите по туризам.

Долгата дискусија пропратена со голем број обвинување кои се префрлаа од еден на друг не вроди со плод. Ниту на крајот од состанокот не произлегоа конкретни решенија за надминување на ваквата состојба во која се најде туризмот.