Skip to main content

„Мадам плаза“ на сцената на „Охридско лето“

Во рамките на фестивалот „ Охридско лето“ за прв пат гостување од Мароко.

programa
програма

Претставата „ Мадам плаза“ во изведба на група „Ананија“ ќе понуди едно необично доживување за секој посетител, бидејќи жанровски не може да се дефинира, а ги поттикнува сите сетила, вели Ѓорѓи Јолески, драмски селектор на фестивалот и додава: „ Мадам плаза“ претставува изненадување само по себе и ќе биде едно од најнеобичните доживувања кое посетителите ќе имаат можност да го проследат во рамките на програмата на фестивалот „ Охридско лето“.

pres konferencijaВо претставата станува збор за женственоста на телата, каде тие воздивнуваат за слобода. Четирите жени ја живеат ноќта и ги препуштаат своите сетила на зората. „Презедов голем ризик незнаејќи го исходот од сето тоа“, вели Бушра Ујзген, кореограф и режисер.

Од дирекцијата на фестивалот задоволни од годинешнава програма. „Како реномиран фестивал „Охридско лето“ нуди светска програма и воедно сме горди што воспоставивме соработка со групи надвор од Европа“, вели Тони Симоноски, дир. на фестивалот.

Претставата „Мадам плаза“ е сработена во копродукција со фестивалот „Фабрика Еуропа“ од Италија, кој воедно е еден од најголемите фестивали во Европа. Истата ќе се одигра на сцената на центарот за култура „ Григор Прличев“ во 21 часот.

{loadposition content9}