Skip to main content

Нова туристичка сезона, стари проблеми

Неподносливата бучава од кафулињата и терсите во старот ден на градот и оваа сезона ги остави жителите без сон.

 |   | 
Ohrid
Охрид

Неподносливата бучава од кафулињата и терсите во старот ден на градот и оваа сезона ги остави жителите без сон.

OhridРаководителот на општинскиот инспекторат признава дека под притискок ја искинал пријавата за летната тераса „БАС“, лоцирана во строгиот центар на градот, во зона на домување.

Група граѓани неможејќи да најдат решение за овој проблем кај надлежните, се обратија со писмо до нашата редакција.

„Од најавите дека конечно ќе се стави ред на ноќниот живот во Охрид, нема ништо. Од година во година продолжува нашата агонија, меѓутоа она што се случува во моментов се граничи со безобразлук. Секој апел од градоначалникот за толеранција во интерес  на успешна туристича сезона, паѓа во вода“,  стои во дел од писмото од револтираните сограѓани.

И покрај тоа, што за овој проблем  ТВМ има информирано во многу наврати, меѓу другото пренесувајќи го ставот и на туристите, повторно, во интерес на граѓаните го актуелизираме  проблемот  и побаравме одговор од надлежните.

Од Ракоководителот на општинскиот инспекторат Танас Тансакоски како и секогаш така и овој пат, добивме информација дека тие постојано се на терен, но неможат да излезат на крај со непослушните кафанџии. Еве ТВМ им нуди решение, кое произлегува од Законот за заштита од бучава во животна средина, кој е на сила веќе две години. Имено во член 52 од овој закон стои, дека инспекторите за животна средина имаат законско право да извршат запечатување на уредот, опремата и просторијата, доколку со мерењето на бучавата се утврди емисија на бучава поголема од дозволената. Се прашуваме, дали некој воопшто го прочитал законот и знае кои се ингеренциите на инспекторатот или пак свесно се замижува во интерес на некои градски моќници.

Префрлањето на топката од еден на друг инспекторат, од една до друга надлежна институција – веќе не поминува. Потребно е локлната власт да покаже добра воља за решавање на овој проблем и на терен, а не само декларативни заложби за успешна сезона.
Во утрешното издание на дневнико ТВМ ќе ги презентира и информациите од МВР, Основниот Суд како и Министервото за економија, поврзани со проблемите на граѓаните со бучавоста.

{loadposition content9}