Skip to main content

Демне опасноста од пожари

Соопштенија, табли на клучните места и 5000 флаери за предупредување, се дел од превентивните мерки кои ги спроведуваат од Националниот парк „Галичица“,во пресрет на летната жега.

tabla
табла

Соопштенија, табли на клучните места и 5000 флаери за предупредување, се дел од превентивните мерки кои ги спроведуваат од Националниот парк „Галичица“,во пресрет на летната жега.

Naumce Noveski„Непријатното сеќавање на изгорените 6500 хектари шума, во 2007год. го крена нивото на одговорност кај нас па внимаваме и на најситните детали“, вели Наум Новески од секторот за заштита при националниот парк „Галичица“.

„Јасно е дека доколку превентивата е добро спроведена и штетите ќе бидат минимални. Затоа од денеска,во пресрет на екстремно високите температури кои се најавуваат, воведуваме дополнителни мерки на заштита“, дополнува Новески.

Луѓето кои се задолжени за надгледување на терените т.н. Ренџери, се распоредени на неколку клучни места и постојано се на терен,од изгрејсонце до доцните ноќни часови.„ Една стара народна изрека вели„навреме детектиран оган и чаша вода го гасне“
Доколку дозволиме пожарот да преноќи, тогаш ни се потребни најмалку 10дена истиот да се изгасне“ велат од Националниот парк „Галичица“.

Законот за пожарство во член 29 вели: „Секој граѓанин кој ќе забележи непосредна опасност од настанување на пожари или ќе забележи пожар, должен е да ја отстрани опасноста, односно да го изгасне пожарот, ако тоа може да го стори без опасност за себа или за друго лице. Доколку граѓанинот не може да ја отстрани опасноста, должен е веднаш да ја извести најблиската противпожарна единица или полициска станица“.

{loadposition content9}