Skip to main content

Охрид прегласен во ноќните часови

Покрај во стариот дел на Охрид, граѓаните не можат да спијат и во останатото централното градско подрачје.

 |  Татјана Маленкова  | 
merac
мерач
Покрај во стариот дел на Охрид, граѓаните не можат да спијат и во останатото централното градско подрачје.

OhridНа бучава, викотници и гласна музика се жалат и комшиите на ноќниот бар „Наполеон“. Градоначалникот во неможност во момнтов да се справи со самоволието на кафанџиите, размислува да им го скрати продолженото време од еден час,кој им подари на почетокот од сезонава.

Почитувана Тв., ние поголема група граѓани кои живееме околу ноќниот бар “Наполеон”,Ви се обраќаме со надеж дека барем Вие ќе го сфатите нашиот проблем.Бучавата,викотниците,гласната музика која трае се до 05.00 ч. Наутро ,секојдневните тепачки и пијанчења на гостите,се крајно неподносливи и застрашувачки.Ноќе не се спие,пијаните гости фрлаат чаши и шишиња по куќите и дворовите,колите ги паркираат каде и како што ќе стигнат… стои во дел од писмото кое пристигна во редакцијата на ТВ М. Вознемирените комшии на Наполеон во продолжение на писмото искажуваат задоволство што конечо нашата ТВ куќа, преку информативните блокови започна серијал на прилози, во кои на надлежните им укажува на проблемите на Охриѓани.  По серија реакции на граѓаните, како што веќе информиравме, реагираа само дел од надлежните. Во инспекциска акција пред два дена, на СВР и пазарниот инспекторат, беше затворен кафе барот бас. Покрај него кривични дела беа регистрирани и во други кафулиња во централното подрачје. Пријави заработија и кафе барот  ДАК, Влади, (каде е регистриран кривично дело точење на алхохол и задржување на малолетници до 24,00 часот) Нанец,Планет, кабаре фејмос и дискотека Планет( во која е регистрирано нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две лица од Скопје. А во иста ваква акција ноќта на 22 наспроти 23 овој месец, инспекциските служби констаирале штетна бучавост и кај субјектите Емпорио, Холидеј ин, Бас и Табана. Од СВР Охрид најавуваат поднесување на соодветни пријави против сите субјекти кај кои се констатирани неправилноти.  

По овие последни случувања, градоначалникот конечно почна гласно да размислува како да стави крај на самоволието на кафанџиите во Охрид.

Тој сериозно размислува на кафанџиите да им го скрати продолженото време од еден час,кој им подари на почетокот од сезонава. Се плашам објаснува Петрески дека и со овој потег, нема да се постигне ефектот. Граѓаните се запрашуваат, Зошто токму во екот на туристичка сезона локаланата изнаоѓа формули за решавање на  главното прашање на Охриѓани.Зарем ова не можеше да се направи додека траеа подготовките за туристичката сезона. На тој начин ќе се избегнеа проблемите и на туристите и на граѓаните.