Skip to main content

Владо Цветкоски преминува во ВМРО-НП

Цветкоски  гледа можност да ги исполни своите предизборни ветувања дадени на граѓаните во политичката опција на ВМРО-НП.  Ова е уште еден доказ оти луѓето веруваат во она што го нуди оваа партија, вели претседателот на партијата.

 |  Николоска Билјана  | 
Vlado Cvetkovski
Владо Цветковски
Цветкоски  гледа можност да ги исполни своите предизборни ветувања дадени на граѓаните во политичката опција на ВМРО-НП.  Ова е уште еден доказ оти луѓето веруваат во она што го нуди оваа партија, вели претседателот на партијата.

pres VMRO-NPПолитика на долги патеки. Тоа е главната причина заради која независниот советник Владо Цветковски заедно со неговите симпатизери се припојуваат кон ВМРО-НП. Цветкоски изјави, дека неговото преминување во ВМРО-НП ќе придонесе за зацврстување на единството во партијата која работи на принципот на еднаквост и максимално меѓусебно почитување.
Инаку, Владо Цветкоски од 1990 г.  до денес беше член на ВМРО-ДПМНЕ. 5 години има работено како секретар на Извршен комитет на партијата, 4 години бил потпредседател на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и има два советнички мандати од истата партија. Цветкоски ги отфрли сите шпекулации дека заради мнозинството во новиот совет на општина Охрид има преговарано со двете најголеми политички опции, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Председателот на ВМРО-НП од Охрид, Ванчо Костовски, рече дека неговата партија има отворени врати за сите кои сакаат да работат во интерес на граѓаните.
Костоски најави дека за брзо време очекува вистинска миграција од членови на ВМРО-ДПМНЕ во нивната партија, меѓу кои и звучни имиња од партијата.

{loadposition content9}