Skip to main content

Општина Охрид доби донација од Швајцарија

Се работи за специјално возило кое е сосема автоматизирано, лесно за управување, а ќе оперира низ охридските улици.

 |  Николовска Биљана  | 
Saso Alcev
Сашо Алчев
Специјално возило донација од Швајцарија ставено на располагање на општина Охрид. Посетата на градоначалникот Петрески во Швајцарија резултираше со донација на автоматизирано возило кое за 5-6 дена ќе оперира низ охридските улици.

vozilo„Станува збор за возило кое ќе извршува повеќе функции за да се постигне комплетна хигиена во градот. Преку ден ќе ги чисти шахтите а навечер ќе се грижи за хигиената на улиците. Нашите соработници од Швајцарија Цирих, ни помогнаа да дојдеме во контакт со тамошните локални власти и некои други здруженија од кои ја добивме оваа донација“, рече Петрески.

Важно е што ЈП Охридски Комуналец ја доби оваа донација. Со помош на ова возило ќе се мијат и улиците, изјави првиот човек на претпријатието Сашо Алчев. Тој додаде дека екипите за брзо време ќе научат како се применува возилото и ќе се најдат на терен.

Веќе е изготвена комплетната документација за легализација на специјалното возило. Се чека само на царината, која треба да постапи согласно законот за службени возила од странство, рече Зоран Шикалоски.

Ова е прва донација што доаѓа од Швајцарија, но не и единствена рече Петрески. Соработката со оваа држава и понатаму продолжува, на повидок е и збратимување со градот Лугано.

{loadposition content9}