Skip to main content

Пристигнаа бесплатни учебници во Охрид

Во Охрид пристигна првата пратка со околу 500 бесплатни учебници за основно образование.

 |  Татјана Маленкова  | 
dokument
документ

Во Охрид пристигна првата пратка со околу 500 бесплатни учебници за основно образование.

„Овај потег на Владата е убав, но треба да има кординација помеѓу Министертвото за образование, Локалната самоуправа и училиштата. Пред стартот на учебнита година се судривме со проблем во средното стручно образование“, вели раководителот на Одделението за образование при Локалната самоуправа, Митре Велјаноски и додава:

Митре Вељаноски„Идејата на ресорното министерство децата да ги обезбеди со бесплатни учебници е добра, но имаме проблеми со реализацијата на истата. Очекуваме голем проблем во делот на стручното образование“

Учебниците за настава, директорите можат да ги одбираат само од каталог на Министертвото за образование. Проблемот се јавува кај средните стручни училишта, затоа што каталогот што им е на располагање е одобрен минатата година и не се знае дали ќе важи и оваа учебна година. Но и да важи, проблем ќе биде изборот на учебници за втора, трета и четврта година, бидејќи постоечкиот каталог е само за учебници од прва година. Ако направат избор на учебници кои не се одобрени од министерството, за директорите следува казна од пет до десет илјади евра.
„За да не дојде едните да ги обвинуваат другите и годината да ја започнеме вплеткани во лавиринт, неопходна е соработка меѓу Локалната самоуправа, училиштата и Министерството за образование“ вели Велјаноски.

И покрај  напорите да стапиме во контакт со Министерството за образование, нашите обиди останаа без успешни. Одговорните не се достапни, а на фиксните телефони во министерството никој не се јавува.

Останува да се надеваме дека некоординираноста која постои во моментов помеѓу Локалната и Министерството за образобание, нема да резултира со проблеми уште на старт на учебната година. Доколку овие проблеми не се надминат деновиве, штета ќа имаат учениците. ТВМ и понатака ќе го следи овој проблем.


{loadposition content9}