Skip to main content

Несоница и во останатите делови од Охрид

Бука, гласна музика и самоволија . Покрај во стариот дел на градов, граѓаните не можат да спијат и во останатото централното градско подрачје.

 |  Татјана Маленкова  | 
merac
мерач
Бука, гласна музика и самоволија . Покрај во стариот дел на градов, граѓаните не можат да спијат и во останатото централното градско подрачје.

Реакции во ТВ М пристигнуваат од сите страни на Охрид. Деновиве најбројни се поплаките за прегласната музика од Неполеон.

carshijaСоседите на ноќниот клуб Наполеон се жалат на бучава, викотници, гласна музика и самоволија од страна на гостите. Вознемирените граѓани спас од овие секојдневни вознемирувања, побараа во ТВ М.   

„Секое утро од дворовите сами ги чистиме чашите, сметот… Знаеме дека сопствениците на локалот неможат да го спречат самоволијата на гостите, но може да го регурираат работното време и прегласната музика“, велат жителите од овој дел на Охрид.

„Пред скоро време се случи брза помош да неможе да дојде до нашата куќа и болниот да го извадиме од дома. Зарем ваква тортура треба да трпиме, за да имаме успешна туристичка сезона“, вели една наша сограѓанка.  

Таа тврди дека се обратила до сите институции надлежни за решавање на проблемот, но никој од нив не само што не им излегол во пресрет, туку од комуналниот инспекторат добиле и запрепастувачко решение за проблемот.

„Од таму ни рекоа, да сум јас на ваше место, ќе земам шише со бензин и ќе го фрлам во Наполеон“, вели нашиот соговорник.
Жителите од овој дел на Охрид, се жалат дека ни СВР нема слух за нивните проблеми. Се јавуваме по неколку пати на вечер. Дежурниот не само што не не сослушува, туку и не исмева, додаваат тие.

Градоналаникот, не можејки да воспостви ред, неодамна најави дека размислува на кафанџиите да им го скрати продолженото време од еден час,кој им подари на почетокот од сезонава.

„Размислувам, имаме голема недисциплина се злоупотребува добрата воља сите да можат да имаат ќар од краткава сезона. Мислам дека за поединци ќе страдаат сите. Ќе морам да ја повлеќам одлуката од продолжување на работата на кафулињата од еден час, затоа што мислам дека се претерува“, вели Петрески.

Но и покрај најавите на градоначалникот дека ќе превземе било какви чакори за решавање на проблемот со бучавата, од неговиот кабинет сеуште молк. Сеуште нема конкретни најави кога и на кој начин планира да ја спроведе идејата за скратување на работното време. Едно е сигурно, ако тоа не го направи деновиве, нема да има потраба воопшто од ваков чекор, затоа што сезоната завршува.

{loadposition content9}