Skip to main content

21 – ва Поетска ноќ во Велестово

Дваесет и прво издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.Оваа манифестација завзема видно место во рамки на културното претставување пред светот. На неа говореле плејада на уметници кои оставиле трага во македонската и светската култура.

 |  Алксандра Зафировска  | 
logo
лого

Дваесет и прво издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.Оваа манифестација завзема видно место во рамки на културното претставување пред светот. На неа говореле плејада на уметници кои оставиле трага во македонската и светската култура.

Митре и АлександарОваа година ќе се одвива на повеќе локации, информира Славе Ѓорго Димовски. Ќе започне во Домот на култура во Велестово со филмска проекција, продолжува на средсело, а третиот дел ќе се одвива во домот на актерот Мирче Доневски, кој трагично загина па со тоа целокупната вечер ќе му биде посветена нему. Во програмата на манифестацијата ќе бидат вклучени и неколку изложби.

„По своето значење манифестацијата прераснува во неизоставен дел од културното живеење на Охрид, вели градоначалникот Петрески. Манифестацијата започна како ентузијастичко залагање на Ѓорго Домовски и никој освен него, пред 20год. немаше визија дека истата ќе прерасне во ова што е денес“, вели тој.

„Како голем љубител на културните настани, пред неколку години се заложив за изградбата на културниот дом во Велестово, а секако и понатаму ќе вложувам во издигнувањето на оваа манифестација, која претставува катче на културата“, вели Петрески.

„Го изразувам јавно своето задоволство што една, на почетокот малечка манифестација, прерасна во нешто навистина единствено“, вели Митре Вељаноски, раководител на јавните дејности.

„Како долгогодишен соработник на Ѓорго Димовски и како Велестовец, можам искрено да го изразам своето од напредокот на оваа манифестација“, вели Зоран Вељановски Летра.

На манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ беседел врвот на македонската поезија и плејада на уметници кои оставиле печат во македонската и светската култура, велат организаторите.

{loadposition content9}