Skip to main content

Челистката Моника Лесковар и пијанистката Марија Вршкова на Охридско лето

Во завршницата на Охридско лето концерти на познати светски имиња. Прва пат годинава на Охридско лето чело концерт. Во црквата Св. Софија настап на младиот музички талент виолончелистката со светска слава Моника Лесковар  од Хрватска  и пијанистката Марија Вршкова од Македонија.

 |  Татјана Маленкова  | 
лого
logo

Во завршницата на Охридско лето концерти на познати светски имиња. Прва пат годинава на Охридско лето чело концерт. Во црквата Св. Софија настап на младиот музички талент виолончелистката со светска слава Моника Лесковар  од Хрватска  и пијанистката Марија Вршкова од Македонија.
presВиолончелистката Лесковар по завршувањето на своето образование во Загреб, кај познатиот челист Дешпаљ, својата едукација ја продолжува во Германија кај проф. Давид Герингаз кој што пред две години имаше незаборавен рецитал на Охридско лето. Годинава  најдобриот негов студент и асистент Лесковар, ќе ја продолжи традицијата на најпознатото име Деспотовиќ.

„Чест е да се настапува на овој реномиран фестивал, кој селектира познати светски имања. За Охридско лето сум слушала многу“, вели челистката Моника Лесковар.

Во таа класата на познати имиња се приклучува и Марија Вршкова, позната Македонска пијанистка која  неколку пати се појавува на Охридско лето.

„Чест е да се настапува со луѓе како Моника, а истовремено и одговорноста за тие настапи е преголема“, вели пијанистката Вршкова.

Вечарва во склоп на Охридско лето има и изложба на Филиграни на Илинка Поповска. Најголемата атракција на фестивалот ќе биде утревечер кога настап треба да има младиот Тео Георгиу. 16 годишниот пијанист има настапувано со голем број светски познати оркестри и диригенти , а уште на 12 годишна воздраст победник е на два интернационални натпревари. Славата на Георгиу станува уште поголема со тоа што тој ја игра и главата улога во филмот Виртуоз, посветен на животот и делото на Фреду Мекјури.


{loadposition content9}