Skip to main content

Почит кон ликот и делото на Живко Чинго

Годинава, наградата за најдобар расказ  ја понесе авторот Блаже Миновски. „Слово горко слово жалосно“ е расказот кој ги доби сите позитивни критики од стручното жири на оваа манифестација.

 |  Николовска Биљана  | 
manifestacija
манифестација

Годинава, наградата за најдобар расказ  ја понесе авторот Блаже Миновски. „Слово горко слово жалосно“ е расказот кој ги доби сите позитивни критики од стручното жири на оваа манифестација.

Aleksandar Petrevski„Слово горко слово жалосно“, е годинешниот награден расказ на манифестацијата „Живко Чинго“. Синоќа во атарот на црквата Св. Петка во с. Велгошти беше доделена наградата на Блаже Миноски авторот на овој расказ. Миноски повеќекратно е наградуван  посебно во делот на пишување на раскази но изрази огромно задоволство, што точно нему му припадна оваа чест.Творештвото на Чинго е непресушна инспирација и предизвик секогаш да се пишува за големиот автор, вели Миноски.

На свечениот чин беа искажани низа поетски думи, упатени на големиот македонски прозаист, Живко Чинго. Тој беше компариран со автор од светски ранг, кој со неговото творештво ги отворија светските врати. „Да се беседи за Чинго претставува голема обврска но и задоволство“, истакна познатиот литературен критичар Иван Џепароски. Во својата реч Џепароски умешно, направи компарација на делото на Чинго со старото добро вино.

Оваа манифестација е востановена во далечната 1988 година на годишнината од смртта на Живко Чинго. После десетгодишна пауза, локалната од пред три години повторно ја возобновува, бидејќи големината на авторот Чинго и неговиот траг врз македонската литератута посебно за Охрид неможе да биде запоставена, вели Митре Вељаноски претставникот на  локалната самоуправа.
Одавање почит на ликот и делото на Чинго е скромен придонес на општината, истакна градоначалникот Петрески, кој додаде дека оваа манифестација до година ја гледа во меѓународни рамки.

Раскажувањето кај нас има голема традиција. Тоа говори дека македонската литература и македонскиот расказ се во подем. Доказ за тоа е и анонимниот конкурс за најдобар расказ во чест на Живко Чинго, на кој што се пријавија огромен број раскази.

{loadposition content9}