Skip to main content

Владимир Четкар втор пат со концерт на Антички

Светски познатиот музичар Четкар по успешните настапи во светот, за сладокусците на џезот, конечно со концерт дома.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Светски познатиот музичар Четкар по успешните настапи во светот, за сладокусците на џезот, конечно со концерт дома.

пресПо 6 години од настапот на антички театар во 2003 година, Владимир Василески Четкар настапува  во својот град. Четкар  и  членовите од бендот  Хју Ваит – клавијатура, Бено Сатлер – тапани, Џонатан Харвеј бас – гитара, ќе исполнат нумери од албумот „We will never end“,  но ќе отсвират и  3-4 најнови теми кои досега не се изведувани.
Настапот на светски познатиот џез музичар Владимир Василески Четкар го подржуваат локалната самоуправа и Министерството за култура. Четкар  насекаде во светот го преставува родниот град и е нашиот амбасадор истакнаа од локалната самоуоправа.
Концертот на Владимир В. Четкар и неговиот бенд е во недела во 22 часот на антички театар. По овој концерт Четкар ќе настапи на 21 август во Битола, во септември во Будимпешт, а веќе во октомври е во Њујоршкиот,култен  џез клуб Блу ноте на Менхетн.




{loadposition content9}